HomeДЕНЕШНАПолитикаКоѕиас чека да “созрееме“ за да го смениме името

Коѕиас чека да “созрееме“ за да го смениме името

Никос Коѕиас, министерот за надворешни работи на Грција, смета дека во Македонија треба да дојде до созревање на политичките процеси за прифаќање на компромис во деценискиот спор што би значело и прифаќање на промена на името со оглед на досегашните црвени линии на грчките политичари.

„Со ПЈРМ ние ги промовираме, во практична смисла, мерките за градење доверба. Мерките за градење доверба се производ на иницијатива што ние ја презедовме. Целта е да се подобрат нашите социјални и економски односи. Што се однесува до името, мислам дека условите треба да созреат во нашата соседна земја, така што да може да прифати значителен компромис“, изјави Коцијас во интервју за весникот Катимерини.

Во период на политичка криза во Македонија најмалку за што се говори се односите со Грција и можното наоѓање решение на наметнатниот спор иако во текот на изборната кампања се очекува владејачката партија да ја обвинува опозицијата за мек став кон Грција. Токму затоа изјавата на Коѕиас и не е баш случајна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com