HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКошула со крв на Џон Ленон продадена за 31.000 фунти

Кошула со крв на Џон Ленон продадена за 31.000 фунти

Кошула на која има крвави траги од Џон Ленон беше продадена на аукција за сума од 31 000 фунти (40 819 долари), пренесуваат светските медиуми.

Кошулата му припаѓала на Џеј Хастингс кој во моментот на убиството на славниот Битлс, на 8 декември 1980 година, во њујоршката зграда „Дакота“  работел како вратар.

На плочникот пред Дакота, Марк Чепмен испукал неколку куршуми во Џон, поради што и денес се наоѓа зад решетки.

Кога смртно ранетиот Ленон го внеле во предворјето на зградата Хастингс го покрил со своето палто, а неколку капки крв завршиле и на неговата кошула.

Пред аукцијата се очекувало кошулата да добие околу 7.000 фунти (9.000 долари), посочува британското издание “Дејли мирор”.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com