HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКоста се збогуваше од Челси?!

Коста се збогуваше од Челси?!

Англиските медиуми шпекулираат околу неговата порака, што сакал да каже и дали враќањето во Примера е сега се поблиску. Диего Коста не играше за Челси ниту против контролниот натпревар против Ливерпул. Во однос на тоа дека на тој натпревар бевме сведоци на еден црвен и шест жолти картони, можеби беше и подобро што тој го пропушти овој натпревар.

Но, тој во соблекувалната направи фотографија со неколку свои соиграчи и под неа напиша: „Ви благодарам за се!“ Не му е роденден, па самата порака звучи како збогување од соиграчите. Оваа порака ги засили шпекулациите дека е блиску до враќање во Атлетико, „Јорганџиите“ чекаат, Коста не крие дека со задоволство би се вратил, а Челси се заканува дека ќе ги пријави Мадрѓаните бидејќи преговараат со фудбалер кој има договор со „плавите“.

Ќе видиме дали Конте ќе попушти, тој го доведе Бачуаи, но тој не е замена за Коста. Реал не го пушта Мората, Парис Сен Жермен нема да се откаже од Кавани, Игуаин заврши во Јувентус. Конте нема некои опции на пазарот, па поради тоа му е важно да го задржи Бразилецот, но пораката звучи навистина чудно па останува да видиме што ќе се случи до крајот на трансфер периодот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com