HomeДЕНЕШНАРегионКосово им дозволи на Србите да гласаат на изборите во Србија

Косово им дозволи на Србите да гласаат на изборите во Србија

Косовската влада се согласи да дозволи Србите од Косово да гласаат на српските парламентарните избори на 24 април. Бајрам Гецај, заменик министер за локална самоуправа за тиранската телевизија Топ-чанел изјавил дека Србија не може да отвора гласачки места во Косово, но дека на Србите од Косово ќе им се овозможи да гласаат преку собирни центри на ОБСЕ, идентично како и во 2014 година.

„Речиси сите граѓани на Косово од српска националност имаат државјанство и на Србија и ние треба да им овозможиме доколку сакаат да гласаат и за државата од која имаат државјанство, да го сторат тоа. Тоа нема да биде класично гласање. Ќе има повеќе центри за собирање, целосно организирани од ОБСЕ, додека за техничкиот аспект сеуште разговараме со ОБСЕ“, – изјавил Гецај.

И портпаролот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Сенад Сабовиќ, за телевизијата потврдил дека се разговара за деталите околу гласањето на Србите. Во телефонска изјава тој рекол дека се разговара околу моделот на организирање на центрите и дека во северниот и во јужниот дел на Косово може да се отворат 10 собирни центи и неколку подцентри, каде ќе може косовските Срби да гласаат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com