HomeАНТИСТРЕСШтосноКорејците имаат сладолед за лечење на мамурлук!

Корејците имаат сладолед за лечење на мамурлук!

Жителите на Јужна Кореа, кои важат за најголеми потрошувачи на алкохол во Азија, од сега ќе можат да го лечат мамурлукот со специјален сладолед! Сладоледот „Ѓеонџо“ е лансиран во ланецот на продавници „Видми“ и, како што произведувачот тврди, се работи за првиот сладолед наменет за оваа потреба. Јужнокорејците се сметаат за големи потрошувачи на алкохол, односно според една статистика од 2014 година тие годишно пијат 12,3 литри алкохол по глава.

Во Јужна Кореа продажбата на алкохолни пијалоци е голем бизнис, но и продажбата на лекови за мамурлук, која годишно достигнува вредност од 126 милиони долари. Тука спаѓаат разни апчиња и напитоци, но и креми за лице кои помагаат да се прикријат траговите од бурната вечер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com