HomeДЕНЕШНАПолитикаКордонот на специјалци се повлече од Рекорд, демонстрантите кон Собрание

Кордонот на специјалци се повлече од Рекорд, демонстрантите кон Собрание

Демонстрантите од протестот пред народната канцеларија на Ѓорги Иванов почнаа да се движат по улицата Димитрија Чуповски каде беше поставен голем кордон составен од полициски сили.

Специјалните единици мораа да се повлечат штом видоа дека демонстрантите тргнаа кон нив, па наместо да го блокираат приодот кон Собранието на Република Македонија се поставија во колона блокирајќи го влезот према градскиот главен плоштад.

Бројката на демонстранти денес е поголема и изнесува околу 2 илјади граѓани, за разлика од вчерашниот протест, а се најавува и поголема мобилизација.


Една од причините поради кои кордонот ја промени тактиката е најверојатно што контрапротестот предводен од владините партии го заврши собирот пред Собранието каде протестираа против аболицијата на Зоран Заев и Верушевски, па така засега нема ризик на судир меѓу двете групи на граѓани. Власта исто така го мобилизира своето членство од другите градови и нивните поддржувачи се пренесувани со автобуси.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com