HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКонцерт на Кание Вест во Њујорк предизвика хаос

Концерт на Кание Вест во Њујорк предизвика хаос

Американскиот рапер Кание Вест требаше да одржи концерт изненадување во Њујорк, но настанот беше откажан кога поради огромниот број на негови обожаватели се случи хаос пред салата во Менхетен. Повеќе од 4.000 лица се собрале пред салата „Вебстер“, каде може да собере 1.500 постетители. Во надеж дека подобро ќе можат да го видат раперот, обожавателите на Кание Вест се качувале на кровови на паркирани автомобили и контењери, а некои се гледале и од прозорците од околните згради.

Медиумите сепак пренесуваат дена Кание Вест на социјалните мрежи ги известил своите обожаватели дека ќе одржи концерт бидејќи неговиот настап на брод бил откажан поради лошото време.

Хаос на концерт во Њујорк

Набргу се проширила информацијата дека концертот ќе се одржи во 2 часот наутро во „Вебстер хол“. На официјалниот профил на Кание Вест беше објавено дека еден час пред почетокот на концертот картите биле распродадени. Меѓутоа, кратко пред да започне концертот Кание напишал дека нема да има концерт. Полицијата ги растерала собрание обожаватели пред салата „Вебстер“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com