HomeДЕНЕШНАСветКонтроверзен учебник по историја во Унгарија – Орбан на почесно место, левицата е радикална…

Контроверзен учебник по историја во Унгарија – Орбан на почесно место, левицата е радикална…

Објавувањето нов учебник по историја во кој премиерот Виктор Орбан зазема почесно место и кој повторува негови ставови против мигрантите, предизвика спорови и полемики во Унгарија. Учебникот е наменет за ученици на 14-годишна возраст.

Орбан, кој е на власт од 2010 година, во учебникот е претставен како „основоположничка фигура во современа Унгарија“, јави БТА.

Ласло Миклош претседател на Асоцијацијата на професори по историја изјави дека тој учебник „никогаш не требало да дојде во раце на ученици“. Критики се упатени и за начинот на кој во учебникот пристрасно се претставени политичките сили. Според текстовите, во него левицата „се карактеризира со радикализам“, а десницата „ги почитува вредностите од минатото“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com