HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте наместо во Челси оди во затвор!?

Конте наместо во Челси оди во затвор!?

Foto: Getty images

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Антонио Конте би можел од репрезентацијата на Италија наместо да се пресели во Челси да оди во затвор. Селекторот на Италија, кој пред неколку дена стави потпис на тригодишен договор со Челси, се соочува со сериозна казна поради вмешаност во местење на натпревари. Конте во 2011 година знаел за договорен натпревар помеѓу неговата Сиена и Албинолефе, но за тоа не ја известил полицијата. Токму поради тоа тужителот од Кремоне бара шестмесечен притвор за младиот тренер и условна казна со суспензија.

Казната на Конте би можела да биде намалена за третина бидејќи тој избрал судење по брза постапка, на кое одбраната не ги изнесува доказите, туку му препушта на судијата после прелиминарно сослушување да донесе одлука. Тоа ги забрзува правосудните односи во Италија, а за возврат осудените добиваат помала казна од законски пропишаната. Доколку судијата одлучи дека е крив, Конте има право да се жали на уште два суда од различен степен, па дури кога тие ќе донесат одлука, пресудата ќе биде и официјална. Се очекува одлуката да биде донесена кон средината на мај, што би можело да влијае на подготовките на репрезентацијата на Италија за Европското првенство во Франција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com