HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте му го порачал на Абрамовиќ најскапото засилување во историјата на клубот!

Конте му го порачал на Абрамовиќ најскапото засилување во историјата на клубот!

Фудбалскиот клуб Челси ги разгледува опциите следното лето да испрати рекордна сума на пари за напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман, пренесоа денес британските медиуми. Според пишувањата на медиумите на Островот, тренерот на Челси Антонио Конте јасно и дал до знаење на управата на Челси дека го посакува Антоан Гризман.

Гризман ова лето го продолжи договорот со Алтетико во кој беше поставена и клаузула вредна околу 86 милиони фунти за негово заминување од клубот, па со тоа овој трансфер би бил апсолутен рекорд во историјата на Челси.

c32168fb-640488962020160504104645

Гризман минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Атлетико, со кој играше и во финалето од Лигата на шампионите. Тој оваа сезона во првите два натпревари од првенството постигна и два погодоци. Ова лето играше и на Европското Првенство со својата репрезентација, беше прогласен за најдобар играч, а со шест погодоци и две асистенции беше и најдобар стрелец на турнирот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com