HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте заинтересиран за фудбалер на Валенсија

Конте заинтересиран за фудбалер на Валенсија

Дефанзивецот на Валенсија, Шкордан Мустафи, е фудбалерот кој Антонио Конте го посакува во своите редови откако на новиот стратег на Челси му стана јасно дека нема да може да го убеди Леонардо Бонучи да му се приклучи на „Стемфорд бриџ“. Италијанскиот стручњак е свесен дека му е неопходен нов врвен дефанзивец за Челси да игра цврст фудбал како што посакува новиот менаџер, па затоа инсистира што поскоро да биде донесено засилување за овој дел од тимот.

Бонучи веќе го одби Конте, а потоа одби и уште побогата понуда од Манчестер сити, по што стана јасно дека Италијанецот ќе остане во Јувентус, по што Конте побара од своите работодавци да почнат преговори за Мустафи. Валенсија е подготвена да го продаде германскиот репрезентативец доколку добие интересна понуда, а се шпекулира дека Челси ќе ги почне разговорите со сума од 30 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com