HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте во проблеми, сезоната ќе ја започне без клучна фигура во одбраната

Конте во проблеми, сезоната ќе ја започне без клучна фигура во одбраната

Дефанзивецот на Челси Курт Зума поради повреда нема да може да ја започне сезоната 2016/17. Конте, кој после завршувањето на Еврпското првенство со Италија ќе седне на клупата на Челси, ќе биде прунуден новата сезона во Премиер лигата да ја отвори без клучна фигура во дефанзивниот дел од тимот. Курт Зума заработи повреда на лигаментите уште во февруари, го пропушти остатокот од сезоната, како и Европското првенство.

„Работам напорно секој ден, од 10 до 16 часот, работам и кардио. Нема да бидам подготвен за почетокот на новата сезона, но докторот е задоволен од мојот напредок и јас се чувствувам подобро. Морам да бидам трпелив, нема брзање кога е во прашање ваква повреда“, изјави Зума. Англиските медиуми го прашаа околу тоа дали разговарал со Конте за новата стратегија и дали е загрижен поради можноста за доаѓање на нов дефанзивец во тимот.

„Воопшто не сум загрижен поради доаѓањето на нов тренер во тимот. Бев одличен пред оваа повреда. Ќе разговарам со Конте и ќе видиме што тој бара од мене. Многу сум среќен во Челси и сакам луѓето да видат дека ќе се вратам уште посилен после оваа повреда“, заклучи Курт Зума.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com