HomeАЈНШТАЈНИЈАКонструиран робот кој за два дена може да изгради куќа! (ВИДЕО)

Конструиран робот кој за два дена може да изгради куќа! (ВИДЕО)

Нов робот може да изгради куќа за само два дена, а не му е потребна ниту пауза за ручек! „Хадријан икс“ е големиот робот поставен на камион, а може да нареди и до илјада цигли за еден час користејќи ја триесет метри долгата рака, што значи дека од една позиција може да ја заврши целата работа.

При градењет на куќата роботот може да се програмира да остава дупки на одредени делови, кои подоцна ќе бидат потребни за струјните водови или водоводните цевки.

Hadrijan-t

Роботот бил конструиран од страна на австралиската фирма „Фастбрикс роботикс“, а нејзиниот основач Марк Пивац вели дека луѓето веќе 6.000 години ѕидаат куќи, а уште од првата индустриска револуција човекот се обидува да го автоматизира тој процес. За тоа било потребно околу десет години и околу нешто повеќе од пет милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com