HomeДЕНЕШНАСветКонечно решена мистеријата за отсеченото уво на Ван Гог

Конечно решена мистеријата за отсеченото уво на Ван Гог

Новооткриеното писмо од докторот на познатиот сликар Ван Гог ја разјасни мистеријата околу неговото одсечено уво. Доктор Реј, кој го лечел Ван Гог во наведеното писмо дури направил и цртеж од одсеченото уво и опишал што всушност се случило со него. Историчарите по уметност поране верувале дека познатиот постимпресионист го одсекол увото и го дал на некоја проститука во бордел во Арл, каде тој обично го поминувал времето.

Бернадет Марфи која работела на овој случај врз основа на ова писмо докажала дека сликарот увото го дал на девојка по име Габриела, која не била проститутка. Таа недолго пред да стапи во контакт со сликарот била нападната од кучиња и започнала да работи како чистачка во борделот, за да си го плаќа лечењето. Нинке Бакер, која работи во музјеот, вели дека ова писмо конечно решава голема мистерија.

„Тоа е преубав документ кој ни го доближува докторот кој се грижел за Ван Гог“, вели таа. Ван Гог извршил самоубиство во 1890 година откако не успеал да пронајде пазар за своите слики. Продадел само еден цртеж од повеќе од 900 дела колку имал. Писмото, пиштолот со кој се убил и 25 слики и цртежи од славниот сликар, ќе бидат прикажани на изложбата под назив On The Verge of Insanity, која ќе биде отворена во сабота во музејот Ван Гог во Амстердам.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com