HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонечно добри вести за навивачите на Ливерпул!

Конечно добри вести за навивачите на Ливерпул!

Голманот Лукас Кариус се враќа на тренинзи следната недела, пренесува „Sky Sport“. Германецот кој ова лето Клоп го доведе од екипата на Мајнц за 4.7 милиони фунти, доживеа повреда на пријателската средба против Челси одиграна во јули во Калифорнија, па беше надвор од терените на почетокот на оваа сезона. Кариус се здоби со скршеница на раката и се претпоставуваше дека ќе отсуствува околу 10 недели, но тој се опоравил побрзо од очекуваното.

23-Годишниот чувар на мрежата би требало да му биде на располагање на Клоп веднаш после завршувањето на репрезентативната пауза. Во првите три кола од новата сезона во Премиер лигата Ливерпул забележа една победа, пораз и реми, но прими најмногу погодоци со Вотфорд и Стоук кои се наоѓаат на дното на табелата. Мињоле беше во првиот тим на сите три натпревари и ниеднаш не успеа да ја зачува мрежата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com