HomeДЕНЕШНАСветКонгресот на САД против помилување на Едвард Сноуден

Конгресот на САД против помилување на Едвард Сноуден

Вистинска драма се одвива во американските институции откако Едвард Сноуден и официјално побара помилување од претседателот Обама. Сега Комитетот за разузнавачки прашања на американскиот Конгрес во извештајот за поранешниот службеник на Националната безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден заклучи дека тој не е „свиркач“ и дека поголемиот дел од „документите што ги украл“ биле воена и разузнавачка тајна, и дека тоа нема никаква врска со приватноста на Американците.

Комитетот за разузнавање спровел двегодишна истрага во која заклучил дека Сноуден има лични мотиви за откривање на тајните, бил во конфликти со претпоставените и не бил задоволен од службата. Без оглед на извештајот Обама и онака не би го помилувал Сноуден бидејќи во повеќе наврати го повика да дојде од Русија и да се соочи со правните последици за своите дела, ветувајќи му фер судење.

За потсетување Ерик Холдер, екс државниот јавен обвинител по повлекување од функцијата призна дека обвинението против Сноуден е невозможно бидејќи тој не може да се брани врз база на борба за јавниот интерес, туку ќе му се суди како на шпиун и му се заканува смртна казна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com