HomeДЕНЕШНАСветКомпанијата „Харли Дејвидсон“ ќе плати казна од 15 милиони долари

Компанијата „Харли Дејвидсон“ ќе плати казна од 15 милиони долари

Американската компанија, „Харли Дејвидсон“, обвинета за бесправно производство и продажба на уреди кои го зголемуваат загадувањето на воздухот, постигнала договор со американските власти околу плаќањето на казна од 15 милиони долари. Култниот американски произведувач на мотори прифанал да откупи и да прекине да произведува таканаречени „Супертјунери“ кои ги подобруваат перформансите, но ја зголемуваат и емисијата на јаглеводороди и азотни оксиди.

Компанијата има произведено и продадено околу 340.000 уреди кои се забранети со законот за чист воздух, соопштено е од американското министерство за правда. Веста пристигнува во време кога германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се соочува со постојани судски спорови, откако признаа дека инсталирале уред за манипулирање со емисијата на гасови на еко тестовите во 11 милиони свои автомобили на дизел погон, продадени во сите делови од светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com