HomeДЕНЕШНАРепубликаКомпанијата Телекабел донираше еден милион денари за помош на настраданите семејства од поплавите

Компанијата Телекабел донираше еден милион денари за помош на настраданите семејства од поплавите

Компанијата Телекабел, чиј сопственик е Роберт Димитров од Штип донираше еден милион денари на семејствата на настраданите од поплавите во главниот град на Република Македонија. Хуманитарната акција започна уште од вчера, а голем број на граѓани, организации, општини, компании и синдикати донираа за настраданите од поплавите. Исто така се испраќаат и пакети со храна, вода и средства за хигиена. На бесплатниот телефонски број до сега бееа собрани повеќе од пет милиони денари.

Роберт Димитров од Штип на својот Фејсбук профил соопшти дека неговата компанија донираше еден милион денари, а како што напиша и самиот оваа сума нема да ги врати загубените животи, но ќе им помогне на нивните семејства да ги санираат штетите од поплавите.

„Почитувани пријатели, Kомпанија Телекабел денес на сметката на Фондот на солидарност уплати еден милион денари за помош на настраданите семејства од поплавите. Матерјалните добра нема да ги излечат раните од претрпените загуби на нашите сограѓани, но се надевам дека барем малку ќе им го олесни санирањето на штетите во домовите.
Сочувство до семејствата на загинатите“, напиша Роберт Димитров на својот Фејсбук профил.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com