HomeГОВОРНИЦАКолумна(Колумна) Све је исто само Ставре нема

(Колумна) Све је исто само Ставре нема

Празната буџетска каса и изборите во најава кои би се случиле во една временска рамка од ноември до март, е наједноставниот одговор на прашањето: чуму оваа евро-обврзница? Од ова ново задолжување на “лудаците” гледаме дека единствена промена која се случила изминатиов период внатре во Министерството за финансии е министерската смена, па сега наместо кумот Ставре, задолжувањата ќе ги потпишува Кирли Миновски, или што би рекла Тијана Дапчевиќ: “Све је исто само Ставре нема”.

Поддршката на пастирот кај долгоспоменуваниот народ се тркала низ брдо, односно таа од ден на ден е се помала и помала. Лидерите на четирите политички партии и меѓународните медијатори на процесот изгубија повеќе од година дена во составување на решение кое ќе гарантира фер и демократски избори. Петочното задолжување всушност претставуваше ново “убиство” на било како ново решение во врска со наредните избори, односно Никола Груевски со 650 милиони евра на “фер и демократски избори” ќе победи дури и во Кина.

Изборниот поткуп кој фамилијата планира да го прави кога и да се одржат изборите во наредните осум месеци, на крајот ќе го платиме сите ние. Меѓутоа ако тие размислуваа до сега како ќе ја плаќаме сметката кога истата ќе дојде за наплата, немаше за десет години да го зголемат повеќе од двојно јавниот долг.

Задолжување во овој момент да бидеме реални и те како ни е потребно. Одложеното решавање на политичката криза го зема својот данок, и наместо проектираниот раст на БДП од околу 3,5% на почетокот на годината, сега се соочуваме со ситуација да Народната банка изврши кореција на првичната проекција, според која нашата економија на крај на година би забележала раст од само 1,6%. Намалувањето на економската активност за оваа година влијаеше врз тоа да властите навистина неможеа да ги прибере однапред планираните приходи, па поради тоа и задолжувањата кои беа направени годинава до одреден степен беа оправдани. Меѓутоа и порано утврдивме дека оваа власт навистина сака многу да се расфрла со пари, следствено на тоа таа сака и многу да се задолжува, и поради тоа на најголем дел на аукции на државни обврзници до сега Владата се задолжуваше многу повеќе од планираното, односно се задолжуваше повеќе одколку што тоа реално беше потребно. Соодветно на ова, Владата и сега има потреба од ново задолжување поради намалената економска активност, меѓутоа задолжувањето од 650 милиони евра е многу повеќе одошто нам ни е потребно.

ММФ постојано ни укажува дека задолжувањата на странските пазари треба да ги правиме со поголемо внимание, односнотие задолжувањада бидат наменети пред се за изградба на капитални објекти, а не за тековни трошења. Парите кои ќе ги добиеме од оваа евро-обврзница не се однапред наменети за што ќе се користат, односно стои дека ќе бидат искористени за потполнување на дефицитот во буџетот во тековната и наредната година. Ова значи дека парите од евро-обврзницата тие ќе можат да ги користат буквалноза што ќе им текне.

Задолжувањата на странските пазари се понепогодни од задолжувањата дома поради фактот што во периодот на исплата на задолжувањето, ние имаме поголем одлив на капитал во однос на приливот кои сме го оствариле во оној момент кога сме се задолжиле, и тоа за износот на каматата.

money-and-coins

Втората причина е девизниот курс. Иако ние имаме фиксиран девизен курс на денарот спрема еврото, кој до сега изгледаше доста стабилен, во тековната година бевме сведоци дека и без постоење на било какви реални економски показатели кои укажуваат на можното нарушувањена курсот на денарот, односно беа базирани само на шпекулација, успеаа во одреден период да ја донесат во прашање стабилноста на девизниот курс. Ова укажува дека курсот на денарот е кревок.

Зошто е сето ова важно за задолжувањата на странските пазари? Имено поради фактот што станува збор за долгорочно задолжување, односно исплатата на евро-обврзницата ќе се врши во наредните десет години, во услови на натамошна девалвација на денарот во однос на еврото односно намалување на неговата интервалутна вредност, исплатите на долгот ќе не чинат многу повеќе одошто е првично планирано.

Политичката нестабилност со која се соочуваме изминатиов период и зголемувањето на степенот на задолженост на Република Македонија го зголемува ризикот кај инвеститорите, што пак значи дека каматната стапка на оваа евро обврзница ќе биде значително повисока од каматната стапка на претходната. Ако на евро-обврзницата издадена минатата година за камата плаќаме нешто повеќе од 5%, поради веќе наведените причини каматната стапка за оваа нова обврзница ќе се движи од 6 до 7%, односно на задолжувањето од 650 милиони евра ќе платиме и дополнителни од 350 до 450 милиони евра грубо пресметано само на име на камата. Кога ќе собериме вкупно, еден изборен циклус за ново четири годишно ропство сите нас ќе не чинат околу една милијарда евра.

Сите овие збиднувања на кои сме сведоци во овој период на решавање на политичката криза се повеќе ми ја разјаснуваат дилемата за начинот на решавањето на политичката криза. Да бидеме јасни, на расипничкото владеење на фамилијата и дојде крајот, единствената непозната според мене е начинот на нивното заминување. Или ќе си одат преку избори или преку улица. Гледајќи го демократскиот капацитет на оваа власт во изминатиов перидо се повеќе сум склон да верувам во ова второто.

Автор: Вуко Мелов

Колумната првично е објавена на порталот doznaj.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com