HomeАНТИСТРЕСЕкимКолку чини опрацијата за враќање на невиноста во Македонија?

Колку чини опрацијата за враќање на невиноста во Македонија?

Хирушката интервенција за враќање на невиноста трае само 15 минути и е достапна во Македонја и тоа на неколку клиики, а истата чини од 500 до 700 евра. Тоа е особено изразено во западниот дел од земјава, најчесто во Тетово, Гостивар, Кичево, а се разбира бројката е голема и во Скопје. Исто така, има и пациенти од соседните земји кои доаѓаат на нашите клиники да ја направат оваа „реконструкција“. Вакви интервенции се изведуваат и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Станува збор за зашивање на хименот, односно тоа е реконструктивен хируршки зафат на хименот познат под називот хименопластика, а се изведува со цел искинатите рабови на хименот – девичникот повторно да се соединат. Доколку хименопластиката се изведе коректно и не биде проследена со компликации, макроскопски хименот е повторно интактен без видливи оштетувања и лузни. Од една гинеколошко-акушерската клиника во Скопје велат дека се работи за мошне едноставна и краткотрајна интервенција.

Во Македонија ова сè уште е табу-тема. Ретко може да најдете девојка што јавно ќе зборува на оваа тема. На форумите можат да се сретнат различни мислења. Едни велат дека тоа е глупост, некои се плашат да го направат тоа, додека пак има и такви што првпат слушаат дека такво нешто постои.

Во Босна и Херцеговина секоја трета интервенција е бесплатна. Во Тузла постои центар за пластична хирургија кој го води доктор Златко Берберовиќ. Тој вели дека има случаи кога девојките ја изгубиле невиноста при силување, па на тој начин сакаат да го заборават ужасот низ кои поминале. Тој додава дека некои девојки на овој начин сакале да ги изненадат своите партнер за Денот на вљубените или за прославите на годишнина од брак или врска. Во Америка пациентките се решаваат на оваа процедура на 40-50 години на барање на партнерите за да прослават годишнина од бракот или некој значаен настан. Овој тренд е многу актуелен и во Турција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com