HomeГИГА БАЈТСмартфонКолку реално треба да чини еден смартфон?

Колку реално треба да чини еден смартфон?

Секоја година нови поквалитетни паметни телефони со подобри функции се продаваат на пазарот. Но, истите повеќе чинат, а тоа значи дека неможе секој човек со просечна плата да си купи подобар смартфон со подобри карактеристики. Производителите тврдат дека причината за тоа е самиот начин на производство кој е премногу скап. Понекогаш цената на производството е третина од продажната цената, па се поставува прашањето колку треба да плаќаме за новите телефони.

Така на пример, изработката на најновите паметни телефони на Apple или Samsung чини околу 250 долари, а тие се продаваат за цена од 650 до 750 долари. Тоа значи дека во теорија заработката е голема. Сепак во овие сум не е ставен маркетиншкиот дел, кој чини околу 50 долари по уред. Самите купувачи имаат разни опции за да го добијат телефонот по пониска цена благодарение на разните договори со операторите, а ако се вклучат и даноците, дистрибуцијата и маркетингот, реалната цена на самиот телефон е околу 350 долари.

Но дефиницијата е следна: се додека има висока побарувачка за производите и додека купувачите се подготвени да ја платат таа цена, работите нема многу да се сменат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com