HomeДЕНЕШНАЕкономија„Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш“ – Награди за лојалните корисници на Макпетрол

„Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш“ – Награди за лојалните корисници на Макпетрол


Макпетрол ја цени лојалноста на корисниците кои често точат гориво и купуваат производи со програмата Верна, па затоа најави голема наградна игра „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“со голем број на вредни подароци, од кои најатрактивен е скутерот Хонда ANC 125 SH Mode. Повеќе детали за наградната игра и поволностите на Верна програмата беа презентирани во продажниот салон на Хонда.

DSC_6928
Како современа и пазарно ориентирана Компанија, со воведување на ВЕРНА програмата за лојалност започнавме да ја наградуваме довербата на нашите потрошувачи. Во тој правец продолжуваме понатаму – со желба дa обезбедиме дополнителни погодности и предности, Макпетрол за своите лојални потрошувачи и членови на ВЕРНА програмата за лојалност воведува наградна игра под име „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш“- изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

„Наградната игра ќе започне на 11-ти април и ќе трае до 5-ти јуни 2016 година. Играта ќе се одвива во 11 посебни кола од кои осум неделни кола, две месечни кола и едно главно коло.

„Начинот на учество во оваа наградна игра е едноставен. Сите корисници на ВЕРНА картичките се потенцијални учесници во наградна игра. Во наградната игра учествуваат сите трансакции на учесниците кои при секое поединечно плаќање ќе впишат најмалку 10 или повеќе бодови на својата ВЕРНА картичка. Наградната игра ќе се спроведува по принципот една квалификувана трансакција = една шанса за извлекување, односно секоја квалификувана трансакција носи по една шанса за извлекување, или колку квалификувани трансакции направиле квалификуваните учесници во тековното коло толку шанси имаат да бидат извлечени. При тоа, секоја добитна квалификувана  трансакција се елиминира од понатамошно учество, т.е. секоја квалификувана трансакција може да биде извлечена за добивка само еднаш“ – изјави Мишко Тасевски
DSC_6918
На учесниците во Наградната игра ќе им биде понудена широка палета на награди, а тоа се: секоја недела подарок поени на Верна картичка, Кристал кар средство за ветробранските стакла, Лубекс моторни масла и ваучери за гуми. Дополнително секој месец компанијата ќе подари по два лап топи Делл и викенди за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга и Маврово.

Извлекувањето на наградите ќе се врши за секое поединечно коло. Списокот на добитниците на наградите ќе биде објавувен на веб страната на Макпетрол, www.makpetrol.com.mk и на официјалната веб страна на програмата за лојалност ВЕРНА, www.verna.mk.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com