HomeАНТИСТРЕСШтосноКолку и дали е безбеден сексот во вода!?

Колку и дали е безбеден сексот во вода!?

Доаѓа лето, и без разлика дали сте во базен, езеро или море, океан и сте речиси голи, а и идејата е возбудлива, но дали знате колку и дали е безбеден сексот во вода? 

large (17)

Кондомите и водата едноставно не одат заедно

За сексот во вода важат истите правила – мора да биде заштитен. Најголем мит, а воедно и глупост е тоа дека во вода не можете да забремените. Доколку зборуваме за секс во када, треба да знаете дека жешката вода може сериозно да влијае врз издржливоста и квалитетот на кондомот. Исто така, без разлика дали станува збор за секс во када, езеро или базен, веројатноста за кондомот да се излизга и падне е голема, особено поради средствата кои се користат како лубриканти.

Влажност

Ќе помислите дека сексот во вода допринесува за поголема влажност. Лага! Водата ги мие природните течности од вагината, па сексот во вода може да биде болен и непријатен како за жените, така и за мажите. Доколку сепак се одлучите на секс во вода, најдобро би било да користите силиконски лубриканти бидејќи се водоотпорни.

large (19)

Несакани појави, инфекции

На ова особено треба да внимаваат жените и девојките. Водата од езерата, реките, базените, морињата, содржи многу бактерии и најверојатно последиците од ваквиот секс ќе бидат несакани и непријатни инфекции. Водата од базените содржи многу штетни хемикалии како хлорот, додека пак солената вода од морето со сигурност ќе ви донесе непријатности. Исто така, погрешно е пробувањето да се користат купките или геловите за туширање како лубриканти, бидејќи тие се вистински непријатели на чувствителната слузокожа.

Други алтернативи

Би било најдобро водата да ја користите за предигра. Може да ја загреете атмосферата во вода, а потоа да излезете на суво. Во домашни услови, доколку сакате да пробате нешто ново, можеби би било подобро да имате секс под туш.

 

POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com