HomeАНТИСТРЕСШтосноКолективна венчавка во затвор во Колумбија

Колективна венчавка во затвор во Колумбија

Во еден затвор во колумбискиот град Кали била организирана колективна венчавка на 17 затвореници кои и покрај тоа што се зад решетките, одлучиле да стапат во брак со своите вереници. Затворот во овој град по оваа прилика вчера служел и како црква и сала за прослави, а младите заедно со нивните најблиски, облечени во бело, дошле до оваа установа со цел да го кажат судбоносното „да“.

Меѓу нововенчаните парови се наоѓале и 39-годишниот Оскар Иван Енао и неговата сега вече 31-годишна сопруга Магда Гонзалес, кои одлучиле да се венчаат уште од април, но Оскар во меѓувреме бил уапсен поради обид да изнуди пари, додека настојувал да обезбеди финансиски средства за свадбата.

vencavka

Магда за време на вчерашната венчавка го запознала и со неговиот син, роден пред две недели.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com