HomeДЕНЕШНАПолитикаКои политичари ја отфрлија аболицијата на Иванов?

Кои политичари ја отфрлија аболицијата на Иванов?

Покрај поранешниот претседател на РМ, Бранко Црвенковски и спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски кои го отфрлија помилувањето и истакнаа дека никогаш не побарале да бидат аболирани, одлуката за помилување од кривично гонење ја отфрли и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој изјави дека е подготвен да се соочи со судските постапки кои се отворени против него за предметот „Пуч“ и за предметот „Поткуп“.

„Јас одам на рочиштата и немам намера да не го почитувам судот. Сакам во судска постапка да докажам дека и двата процеси се монтирани бидејќи никогаш немало насилство врз Никола Груевски ниту пак постои поткуп што сум го побарал или примил“, изјави Заев.

И членот на Државната изборна комисија од редовите на ДПА Бедредин Ибраими ја отфрли аболицијата. Во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, Ибраими, наводно, прима наредби за начинот на кој треба да гласа за одредена одлука која треба да ја донесе Државната изборна комисија.

„Одлуката за моето помилување и запирање кривична пријава за дело што не постои, а немаме никаков одговор од Основното јавно обвинителство, ниту од Специјалното јавно обвинителство, е непотребно и бескорисно затоа што не постои никакво кривично дело“, изјави Ибраими.

Тој додаде дека за кривичната пријава што е поднесена против него има дадено изјава пред Основното јавно обвинителство и пред Специјалното јавно обвинителство за кое, како што рече, го почитува бидејќи е обвинителство формирано со закон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com