HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКои музички фестивали не очекуваат во Европа оваа година?

Кои музички фестивали не очекуваат во Европа оваа година?

 

Доколку сте млади луди и слободни, со сигурност ќе сакате да си поминете лудо и незаборавно на некој музички настан и ова лето да го исполните со низа спомени вредни за раскажување. Каде се можете да поминете и да се „журкате“ оваа година а да не мора да патувате многу часови ?

Што се однесува до соседството, на Балканот ќе ги најдете најевтините фестивали, каде што ќе може да си дозволите и да престојувате неколку денови. Најпопуларен е EXIT кој се одржува од 7-10 јули, а чии карти чинат 100 евра. Оваа година во Нови Сад ќе настапуваат Ели Гоулдинг и Bastille. Освен овој фестивал, може да го потсетите Southern Soul од 30 јуни до 3 јули, кој се одржува во Улцињ, Црна Гора. Исто така, мошне познат е и фестивалот Electric Elefant од 7 до 11 јули во Хрватска во прекрасниот град Тисно.

Ако сакате да патувате малки подалеку и да одвоите нешто повеќе од вашиот џеб за незаборавно искуство, Шпанија и Португалија се местата за вас. Картите се релативно евтини, сметувањето е она кое би ве чинело нешто повеќе. Фестивалот Primavera Sound, кој се одржува од 1-5 јуни, е еден од поважните фестивали во Европа. Се одржува во Барселона, а картите за истиот изнесуваат 88 евра. Самата помисла дека ќе бидете во Барселона е сосема доволна за врвно патување. Нешто поевтин е фестивалот NOS Alive во Лисабон, кој чини 60 евра, а таму свои настапи ќе имаат Radiohead и Pixies.

Од 15-17 јули во Берлин се одржува фестивалот Melt, во кој за 136 евра ви се платени влезниците и кампирањето. Додека во Берлин ќе настапуваат техно имињата како што се Boys Noize и Pan Pot, во Лион ќе се одржува Nuits Sonores од 4-8 мај, каде што ќе настапуваат различни DJ.

Фестивалите во овие земји се нешто поскапи за разлика од гореспоменатите. Од 12-14 август, во Хелсинки се одржува најхипстерскиот фестивал, каде што ќе настапува Иги Поп. Цените за влезниците изнесуваат 175 евра. Во Данска, најголемиот фестивал е Roskilde, од 25 јуни до 2 јули, чии влезници изнесуваат 270 евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com