HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКога сценографијата ќе биде кобна- Пејачка починала на сцена по каснување од кобра

Кога сценографијата ќе биде кобна- Пејачка починала на сцена по каснување од кобра

 

Индонезиската поп ѕвезда Ирма Буле  почина по настапот во Караванг во западниот дел на Јава, откако за време на концерт беше касната од змија.

Според „Дејли Мејл“, артистката случајно ја нагазила кобрата која била дел од сценографијата, по што кобрата ја каснала пејачката за ногата. По каснувањето таа одбила да и биде укажана помош од лекари и продолжи со концертот уште 45 минути, пред да почне да повраќа. Концертот тогаш сепак бил прекинат и младата пејачка била пренесена в болница, каде починала. Младата пејачка била позната по тоа што на своите настапи носела ризични и егзотични змии како бои и питони. Кобрите се едни од најопасните змии во светот, а нивниот отров може да усмрти дури и слон. Но, тие вообичанено се плашливи кога се во близина на луѓе и напаѓаат само ако немаат можност да побегнат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com