HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКога и дали Мурињо и Ибрахимовиќ ќе пристигнат во Јунајтед?

Кога и дали Мурињо и Ибрахимовиќ ќе пристигнат во Јунајтед?

Луј Ван Гал е веќе минато, а веќе во вторник би требало да биде познато името на новиот тренер на „црвените ѓаволи“. Со месеци се шпекулира дека тоа ќе биде Жосе Мурињо, многу веќе го гледаат на „Олд Трафорд“, но англиските медиуми тврдат дека евентуална потврда за такво нешто би требало да се очекува утре. Фоторепортерите цел ден го следеа Португалецот, кој и понатаму е во Лондон, но во поплдневните часови ја напуштил куќата заедно со својот главен соработник.

Се очекува во Манчестер наскоро да пристигне и неговиот менаџер Жорж Мендеш. Во меѓувреме, се очекува и доаѓање на Златан Ибрахимовиќ, холандските медиуми тврдат дека тој одбил годишна плата од 50 милиони евра во Кина за да пристигне на „Олд Тарафорд“, каде по завршувањето на фудбалската кариера би можел да започне да работи како тренер. Ибрахимовиќ во вторникот бил во авион со поранешниот фудбалер на Саутемптон Александр Естлунд, но дестинацијата не е позната.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com