HomeДЕНЕШНАСветКлуни: Трамп никогаш нема да биде претседател на САД

Клуни: Трамп никогаш нема да биде претседател на САД

Американскиот актер Џорџ Клуни во Кан изјави дека милијардерот Доналд Трамп никогаш нема да биде изгласан за американски претседател. „Доналд Трамп нема да биде претседател. Тоа нема да се случи бидејќи не сакаме стравот да владее со нашата земја“, изјави Клуни кој пристигна на 69 по ред Меѓународен филмски фестивал во Кан да го претстави своето остварување „Money Monster“, првиот филм на Клуни како режисер во кој Џоди Фостер ја толкува главната улога.

Клуни и Трамп

Клуни истакна дека Трамп претставува резултат на многу телевизиски емисии на кои не му се поставени добри прашања. „Иако имаме информативни канали 24 часа дневно, тоа не значи дека добиваме повеќе информации. Ако му се даде збор на Трамп, тогаш треба да му биде поставено прашањето за бегалците“, процени американскиот актер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com