HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп му ја расипува работата на Арсенал?

Клоп му ја расипува работата на Арсенал?

Стоперот кој во последно време се доведува во врска со „Топџиите“ би можел да заврши на „Енфилд Роуд“, пишуваат шпанските медиуми. Според овие извори, Ливерпул и Валенсија веќе започнале преговори околу трансфер на Шкодран Мустафи. Јирген Клоп наводно сака да ја засили дефанзивната линија со доведувањето на германскиот репрезентативец со Албанско потекло, а во овој трансфер би можел да биде вклучен и Луис Алеберто.

Луис Алберто беше доведен пред три години, но постојано беше праќан на позајмици во Шпанија и за него очигледно нема иднина во црвениот дрес. Нема информации околу тоа колкава е сумата на пари која ја нуди Ливерпул плус Шпанецот за потпис на Мустафи, но во случај да дојде до договор тоа ќе биде голем „шамар“ за Арсенал, можеби и поголем од поразот на отварањето на сезоната на „Емирати“ токму од Ливерпул.

На „топџиите“ под итно им е потребен нов централен дефанзивец, Арсен Венгер има големи проблеми со стоперите, а последниот натпревар беше и доказ затоа дека мора да се засили дефанзивната линија и доколку не ја добие битката за Мустафи нема сомнение дека гневот на навивачите кон Венгер ќе биде уште поголем.

Mustafi

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com