HomeДЕНЕШНАПолитикаКлик-бајт сајтови од Македонија шират пропаганда за Доналд Трамп

Клик-бајт сајтови од Македонија шират пропаганда за Доналд Трамп

Во Македонија има регистрирано голем број на клик-бајт сајтови кои се надеваат дека ќе земат големи пари од рекламите на Google објавувајќи вести на англиски со скандалозни и сензационалистички наслови.
Examiner малку ја истражувал темава и открил дека барем три клик-бајт сајтови кои објавуваат вести во корист на Доналд Трамп се регистрирани во Македонија. Од друга страна, пак Examiner претерува со својата теорија „поврзувајќи“ ги точките дека Македонија е Руска испостава на Балканот и дека овие вести се поклопуваат со конзервативците со про-руска ориентација во САД.

Едноставното објаснување е дека овие веб сајтови од Македонија само штанцаат сензационалистички вести без да ги проверат фактите и немаат новинарска етика, па токму затоа пројдоа и голем број на лаги на Доналд Трамп кој го напаѓа, навредува и клевети својот главен конкурент Тед Круз. Интересно е што сите сајтови се регистрирани во Велес, па најверојатно станува за група на соработници кои се трудат да добијат што е можно поголем број на читатели преку кампањи на социјалните мрежи.

„Сомнителни“ сајтови се:

Usanewsflash.com
365usanews.com
worldnewspolitics.com
Usapoliticsonline.com
worldpoliticus.com
USAdailypolitics.com

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com