HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлаудио Раниери го продолжи договорот со Лестер Сити

Клаудио Раниери го продолжи договорот со Лестер Сити

Тренерот на актуелниот англиски шампион Лестер Сити, Клаудио Раниери, стави потпис на нов четиригодишен договор со клубот и ќе остане со „Лисиците“ до 2020 година. Италијанскиот експерт после сензационалниот успех кој го доживеа минатата сезона беше награден со нов договор и зголемување на платата, па сега неговата годишна заработка ќе изнесува 3.5 милиони евра.

Klaudio-Ranijeri-2

Неговиот стар договор, потпишан минатато лето, би истекол за две години. „Од секогаш сум сакал да бидам дел од овој клуб на долги стази и сум многу горд и среќен што и понатаму ќе го водам“, изјави Раниери за клупскиот сајт. Раниери на Лестер му ја доеде првата титула првак во Англија, а воедно и тоа е неговата прва во тренерската кариера.

Нешто порано, меѓу другите, ги водеше екипите на Јувентус, Интер, Челси, Наполи, Рома, Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Грција.

claudio-ranieri-trophy-690x432

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com