HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКичевската полиција уапси тројца скопјани кои пренесувале фалсификувани пари

Кичевската полиција уапси тројца скопјани кои пренесувале фалсификувани пари

 

Екипа на кичевската полиција на магистралниот пат Охрид-Кичево, вчера, околу 16.15 часот, по писмена наредба од суд, а поради постоење основи на сомнение дека се превезуваат фалсификувани пари, извршиле претрес во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје, во кое се наоѓале три лица кај кои биле пронајдени повеќе од 50 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари, информираат од МВР.

Претресот на возилото и на трите лица во него бил извршен по наредба на Основниот суд Кичево поради постоење основан сомнеж дека се превезуваат фалсификувани пари.

Инаку моторното возило, марка „голф“ било во сопственост на скопската фирма „Адријус“, кое го управувал 44-годишниот Т.А. од Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com