HomeДЕНЕШНАСветКинезите ја остварија својата мисија – се тестираше автобусот на иднината

Кинезите ја остварија својата мисија – се тестираше автобусот на иднината

Кинезите имаат прилично добра причина за славење. Од пред два месеца ја претставија визијата за автобусот на иднината, кој би требало да ги реши проблемите со метежот во сообраќајот, а веќе вчера ТЕБ (Транси елевејтед бас) ја имааше својата премиера на улиците на градот Цинхаундао.

Автобусот на иднината е микс од класичен трамвај, автобус и кран. Долг е 32 метра и има две странични потпори, кои се движат по шини. Благодарение на висината од 4,6 метри и ширината од осум метри, футуристичкиот ТЕБ може да минува над возилата.

Претставници на кинеската компанија велат дека ТЕБ е попрактичен и поевтин од метро, како и дека првиот прототип може да превезе 300 патници, додека следните верзии ќе можат да транспортираат и 1200 патници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com