HomeАНТИСТРЕСЕкимКим Џонг Ун тврди дека постои лек против рак

Ким Џонг Ун тврди дека постои лек против рак

Режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун тврди дека таа земја го има лекот против рак и спречување на стареењето, а тоа е вода која извира од планина која се наоѓа во близина на престолнината Пјонгјанг. Изврската вода има енергетски својства, и според соопштението од режимот, може да им помогне на граѓаните на Северна Кореа да работат до 90 години. Водата која извира во близина на планината Пјонгјанг се флашира и се продава на жителите на Северна Кореа, чија бројка изнесува 27 милиони, „со цел спречување на рак и стареење“.

Ова не е прво неверојатно тврдење на севернокорејските власти, порано тие тврдеа дека таткото на Ким Џонг Ун, Ким Џонг Ил, наводно можел да ги менува временските услови со силата на својот ум. Во извештајот од режимот околу квалитетите на оваа изворска вода стои: „Локалното население ја нарекува „чиста вода“ која дава мистериозна енергија. Многу од нив се постари и од 90 години, а и понатаму се здрави и работат на полињата“.

„Научниците неодамна откриле дека таа вода содржи помалку молекули, кои се апсорбираат во човечкото тело со поголема брзина од обичната и ги подобрува метаболизмот на ќелиите, функционира како антиоксиданс и го успорува стареењето и ја спречува појавата на ракот“, стои во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com