HomeДЕНЕШНАСветКим Џонг Ун се заканува со моќна нуклеарка

Ким Џонг Ун се заканува со моќна нуклеарка

Северна Кореја извршила петти по ред успешен тест на нуклерарно оружје, а сеизмолозите во Јужна Кореја измериле активност од 5.3 степени според Рихтер или поточно експлозија со капацитет од 10 килотони што е посилно и од атомската бомба фрлена над Хирошима.

Властите на Јужна Кореја се загрижени дека нивниот северен сосед дека сега има многу моќна боева глава која може да се монтира на стратешка балистичка ракета со различна голема и досег и со неа да изврши катастрофален напад.

Сите земји во регионот, како и САД ќе бараат поголеми санкции од Советот на безбедност при Обединетите нации. Американскиот претседател Барак Обама го предупреди раководството во Пјонгјанг дека следуваат „сериозни консеквенции“. Обама разговарал телефонски со премиерите на Јужна Кореја и Јапонија, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ирнест.

Обама во наредните денови „и натаму ќе разговара со сојузниците и партнерите за на провокативните акции на Северна Кореја да се одговори со сериозни последици“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com