HomeДЕНЕШНАСветКим Јонг Ун ставен на „црната листа“ на САД

Ким Јонг Ун ставен на „црната листа“ на САД

Американската Администрација денеска донесе одлука за додавање на името на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на „црната листа“ на САД, поради кршење на човековите права.

Како што јави јужнокоресјата агенција Јонхап, ваквата одлука на Вашингтон претставува мерка без преседан, бидејќи ова е првпат САД да воведат директни санкции кон еден севернокорејски лидер и водено показател за американската решителност за засилување на притисокот врз Пјонгјанг.

Покрај, Ким на „црната листа“ на САД се вклучени и имињата на уште 14 други севернокорејски високи официјални претставници, како и осум државни агенции на Северна Кореја, меѓу кои и новоформираната Комисија за држави работи, која ја замени Комисијата за национална одбрана, највисоко и најмоќно тело во хиерархијата на власта во Пјонгјанг.

Вакавите унилатерални санции на САД се надоварзуваат на серијата мерки против Северна Кореја што ги воведе Советот за безбедност на ОН, по четвртата севернокорејска нуклеарна проба во јануари годинава и неколкуте тестирање на балистички ракети претходниве месеци.

Минатиот месец американското Министерство за финансии воведе санкции кон Северна Кореја, чија цел е ограничување на пристапот на земјата до меѓународниот банкарски систем. Во одлуката на Министерството, Северна Кореја беше оквалификувана како „главен концерн за перење пари“ во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com