HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКиелини и Пеле го срушија шампионот, храбрите Исланѓани ја направија најголемата сензација!

Киелини и Пеле го срушија шампионот, храбрите Исланѓани ја направија најголемата сензација!

Денес се одиграа последните осминафинални натпревари во рамките на ЕВРО 2016 во Франција, на кои потценетата Италија покажа како се игра фудбал со голема победа и одмазда над Шпанија за загубеното финале во 2012 година, додека Исланд ја направи најголемата сензација до сега и ја елимираше репрезентацијата на Англија.

Како и што се очекуваше на натпреварот меѓу Шпанија и Италија немаше многу погодоци. Италијанците уште еднаш покажаа како се игра на резултат, постигнувајќи погодоци на почетокот и на самиот крај на натпреварот, а во борба за полуфинале ќе играат против моќната Германија.

Италија победа 1

Италија подобро го отвори натпреварот во Париз, иако Шпанија од почетокот ја имаше иницијативата. Италијанците беа многу поконкретни, а до предност стигнаа во 33 минута од натпреварот кога Киелини ја затресе мрежата. Во продолжението, Италија искусно го чуваше резултатот, а Шпанија дури во последните 20 минути заигра онака како што се очекуваше.

Сепак, Нолито, Пике, Рамос и Адуриз не беа прецизни, па Грацијано Пеле во последната минута ја потврди големата победа на Италија и елиминацијата на Шпанија.

Италија победа 2

Во последниот натпревар од осминафиналните средби дојде шлагот на тортата, Исланд преку пресврт направи вистинска фудбалска сензација елиминирајќи ја Англија со резултат од 2:1.

Многу зборуваа дека Исланд направил грешка кога со погодок во последните минути против Австрија одбра да оди по потешкиот пат. Многумина сметаа дека ова ќе биде лесен натпревар за Англија во кој ќе биде наполнета мрежата на Исланѓаните, посебно после рано примениот гол уште во четвртата минута кој го постигна Руни од пенал.

Исланд победа 3

Сепак, тоа не се случи. Исланд одигра уште еден херојски натпревар. Успеа да направи пресврт уште во првото полувреме преку погодоците на Рајнар Сигурдсон во 6 минута и Сигторсон во 18 минута од средбата. Во преостанатиот дел од натрпреварот Англија не успеа да најде решение за Исланѓаните кои играа цврсто и го чуваа резултатот, па на крајот останаа оние 2:1 од првиот дел, резултат со кој Исланд оди понатаму и во четвртфиналето ќе се сретне со домаќинот на ова првенство.

Исланд победа 4

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com