HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКејти Пери наскоро тргнува на турнеја?

Кејти Пери наскоро тргнува на турнеја?

Се чини дека американската поп пејачка Кејти Пери, откако помина одреден период оддалечена од јавноста е конечно подготвена за нова етапа во својата кариера, барем така можеме да заклучиме по нејзиниот одговор на „Твитер“. Откако еден обожавател ја коментирал нејзината нумера „Rise“ како „лоша“ и дека нејзината кариера наското ќе биде готова, пејачката само кратко му одговори: „Се гледаме на мој настап во 2017“.

Кејти моментално го завршува својот петти студиски албум кој би можел да излезе до крајот на оваа година, според зборовите на нејзиниот менаџер Стивен Џенсен. Од друга страна, Кејти во едно интервју минатиот месец изјави дека е рано да се зборува за излегувањето на нејзиниот албум и дека тој уште е во процес на креирање, па останува да видиме кога пејачката ќе го објави овој долгоочекуван албум на нејзините обожаватели ширум светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com