HomeДЕНЕШНАРепубликаКејот и шеталиштето во Струга ќе добијат нов лик

Кејот и шеталиштето во Струга ќе добијат нов лик

Догодина Струга треба да добие сосема нов лик со уредено и реконструирано шеталиште покрај кејот на реката Дрим. Општина Струга го распиша и огласот за избор на компанија на која ќе и биде доделена реконструкцијата на кејот со поставување на нови плочки, урбана опрема и хортикултурно уредување.

foto_1

Локалните власти планираат да стават нови плочки и урбана опрема на шеталиштето. Целокупниот простор околу реката Дрим ќе биде хортикултурно уреден. За изведба на новото шеталиште во Струга веќе е изготвена соодветна проектна документација. Градежните работи треба да се завршат во период од 12 месеци. Проценетата вредност на проектот изнесува 177 илјади евра, а заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди најдоцна до 28 септември.

Локалната самоуправа од Струга уште минатата година даде ветување дека Кејот на реката Дрим во центарот на градот ќе биде целосно саниран. Пред само два месеци, од општината излегоа со информација дека повторно ќе се изгради дрвен мост на реката Дрим, кој ќе се наоѓа на идентичната локација на која се наоѓаше некогашниот „Мост на Нина“. Со реализацијата на овие два проекта ќе се добие модерен изглед на централното градско подрачје, кое би се остварило во реалноста до наредната туристичка сезона

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com