HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКајли Миног има нова песна

Кајли Миног има нова песна

Се работи за обработка на култната песна која ја одбележа серијата „Absolutely Fabulous“- нумера која беше напишана од страна на Боб Дилан и Рик Данко за составот „The Band“. Потоа оваа песна беше обработувна од страна на повеќе музичари, а сега за потребите на филмот “Absolutely Fabulous: The Movie” нова верзија од оваа песна сними Кајли Миног.

Нумерата најавува албум со музика од филм кој излезе на 1 јуни. На албумот се наоѓаат песни снимени од страна на Ла Ру, Џејсон Даруоло, Палома Фејт, Ненси Синатра, Питер Сарстедт, Сантиголд, Ерта Кит и „Формекшн“.

Телевизиската серија „Absolutely Fabulous“ беше емитувана премиерно на каналот Би-Би-Си 2 1992 година, а новиот филм е со двајца нови јунаци, Патси и Един, кои случајно го убиваат Кејт Мос и се соочуват со напад од медиумите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com