HomeДЕНЕШНАСкопјеКафулето Излет обоено – притисок кон газдата кој протестира

Кафулето Излет обоено – притисок кон газдата кој протестира

Одмазда за оние кои демонстрираат. Сопственикот на кафулето Излет, Огнен Узуновски, на својот Фејсбук профил објави фотографија од влезната врата на објектот на која утрово имало боја, фрлена во текот на ноќта. Бојата најверојатно е притисок и одмазда кон сопственикот поради неговото учество и поддршка на протестите на Шарената револуција. Узуновски напиша дека ова нема да го поколеба, туку е дополнителен поттик за учество на протестите.

Тој, но и други сопственици на угостителски објекти чии сопственици одат на протести се пожалија на притисоци преку инспекции. Шарената револуција единствено бои објекти во јавна сопственост, изградени со пари на граѓаните, без тие да се прашаат за тоа и по астрономски цени, со кредибилни сомнежи за корупција при изградбата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com