HomeДЕНЕШНАСкопјеКарпошани кажаа НЕ на згради, бараат зелени површини

Карпошани кажаа НЕ на згради, бараат зелени површини

Карпошани попладнево ја бликираа крстосницата кај Сити мол, за да побараат стопирање на новите ДУП-ови во општината и да кажат „ДА за паркови, Не за згради“. Демонстрантите порачаа дека е важно граѓаните да останат будни и активно да се залагаат за учество во одлуките на општината за заедно да се изборат за зачувување на зеленилото и почист воздух, но и да порачаат дека јавниот простор е на граѓаните, а не на инвеститорите.
karpos protest 2
„Имаме уставно право на здрава животна средина, затоа бараме легитимна заштита на реалното зеленило, со негово вцртување во самиот ДУП. Конкретно бараме стопирање на постапките за носење на ДУП-овите и спречување на реализацијата на донесените ДУП-ови каде постојното зеленило не е вцртано во планот. Бараме и поништување на тендерите за изградба на згради на зелените површини. Формалното запазување на процедурите при носењето на плановите не е демократија. Наше демократско право е да побараме реална демократија во која нашите барања ќе бидат слушнати и земени во предвид при носење на одлуките на локалната власт“, изјави Сашо Цветановски од инцијативата „Карпош 4“ за Радио МОФ.
karpos protest 1
karpos protest 3

фото: РадиоМоф

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com