HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаКарикатури од Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ на изложба во Кочани

Карикатури од Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ на изложба во Кочани

 

Задничката соработка на Центарот на култура „Бели мугри“ од Кочани и Домот на културата од Виница „Тошо Арсов“ му ја приреди на Кочани ретроспективната изложба на најуспешните и наградени карикатури од Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, кој во ноември минатата година се одржа во Виница.

Секоја година традиционално најупсешните дела се презентирани пред публиката во Кочани. Ова е петта година по ред како успешно соработуваме. На изложбата се поместени 34 карикатури меѓу кои и наградените кои пристигнаа од Иран, Колумбија и Романија. На фестивалот во Виница минатата година пристигнаа рекорден број од 300 карикатури од целиот свет, истакна Славко Данев, директор на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница. По Кочани, изложбата се сели во Демир Капија и Гевгелија, а во месец јуни заедно со ансамблот за староградски песни ќе гостува во Италија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com