HomeДЕНЕШНАРегионКарамарко од ХДЗ си поднесе оставка, владата на Хрватска се тресе

Карамарко од ХДЗ си поднесе оставка, владата на Хрватска се тресе

Томислав Карамарко, лидерот на ХДЗ, си поднесе оставка од вицепремирската позиција со што стана втор ваков функционер на Балканот по нашиот Ставрески. Карамарко мораше да се повлече бидејќи е започната истрага за судир на интереси при што тој бил ангажиран како лобист од австриска нафтена компанија која води судски спор со Хрватска и државната компанија ИНА.

Освен Карамарко, јавноста бара и оставка од премиерот Орешковиќ кој може да биде заменет со министерот за финансии Мариќ или пак крајно решение е да се одржат нови избори кои ќе ја извадат земјата од долгата политичка и економска криза проследена со бројни скандали на политичарите и масовна корупција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com