HomeДЕНЕШНАСветКан: Започнаа казните поради носење на буркини

Кан: Започнаа казните поради носење на буркини

Полицијата во Кан интервенираше во 10 случаеви во кои муслиманките, покрај забраната, на плажа носеле буркини. Бројот на интервенции се однесува на претходните три недели, од кога забраната стапи на сила. Со тврдење дека оваа носија му штети на францускиот закон за секуларизам, Кан стана еден од трите на францускиот брег кој ја забрани оваа облека на плажа, со образложување дека таа внесува тензија после терористичките напади.

Буркини, кој се користи како костим за капење но, како бурки, го покрива целото тело, вклучувајќи ја и косата и е дизајниран за муслиманките кои го почитуваат верувањето дека жената не смее да покаже ниту еден дел од телото освен лицето, рацете и стапалата за да не ги види никој друг освен сопругот.

Забраната за носење на буркини стапи на сила на 28 јули, од кога беа приведени 10 муслиманки. Останатите платиле казна во износ од 38 евра. Полицијата не може да ја натера жената да ја напушти плажата поради носење на буркини, а истото лице може да биде казнето само еднаш дневно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com