HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКание Вест сруши рекорд на Мајкл Џексон!

Кание Вест сруши рекорд на Мајкл Џексон!

Американскиот рапер и дизајнер Кание Вест несомнено ужива во неодамна откриените вести дека го срушил рекордот на легендарниот музичар Мајкл Џексон. Благодарејќи на соработката со изведувачот ScHoolboy Q од која настана нумерата „Тhat part“, 40-те песни на Кание Вест неодамна се искачија на листата на „Билборд“ ,„Hot 100 chart“ и на тој начин го сруши рекордот на кралот на поп музиката, чии 39 нумери претходно ги зазимаа позициите на оваа листа.

Покрај „Тhat part“, меѓу песните на Кание кои моментално се наоѓаат на листата „Билборд“ се и „All Falls Down“, „Stronger“, „All Of The Lights“, „N****s In Paris“, „FourFiveSeconds“. Најновото достигнување на славниот рапер несомнено ќе има посебно место во неговото срце, бидејќи Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година, беше еден од неговите идоли.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com