HomeДЕНЕШНАЕкономијаКАМ маркет ќе го освојува регионалниот пазар, се шири во Бугарија и Косово

КАМ маркет ќе го освојува регионалниот пазар, се шири во Бугарија и Косово

КАМ маркет ќе го освојува регионалниот пазар. Годинава и следните години КАМ ќе отвори неколку маркети во Бугарија, прво во Софија, а потоа и во Пловдив. Бугарските медиуми пишуваат на големо за плановите на компанијата, а според бугарскиот портал Регал, компанијата планира освојување и на пазарите во Албанија и Косово.

Порталот пишува дека при крајот на минатата година го купил ланецот „Диамбе“ со 15 објекти во Косово и 10 во Албанија. Според Регал, КАМ маркет наскоро ќе ги отвори првите 10-12 маркети во Софија. До крајот на годината е планирано бројот да стигне од 20-25 маркети, а до крајот на 2017 година, да стигне до 30-40, додека до крајот на 2018 година, 50-60 маркети. После Софија, КАМ ќе го освојува и Пловдив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com