HomeДЕНЕШНАРепубликаКампања за спас на Охридскиот регион и зачувување на статусот од УНЕСКО

Кампања за спас на Охридскиот регион и зачувување на статусот од УНЕСКО

„ЕДНО Е! ВРЕДНО Е!“ е слоганот под кој невладините организации „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ од Охрид ќе ја водат кампањата за зачувување на Охридскиот регион како единственото УНЕСКО подрачје во Македонија.

Во рамки на означувањето на почетокот на кампањата ќе бидат претставени и заклучоците за Степенот на зачуваност на светското природно и културно наследство – Охридскиот регион, донесени на 40-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во Истанбул, Турција; како и едно од можните решенија за одржлив и паметен развој на овој регион „СМАРТ Охрид“.

 Покрај Охридското езеро се планира изградба на неколку проекти кои може неповратно да ја уништат стабилноста на еколошкиот систем, да доведат до огромно загадување и губење на сите вредности на оваа значајна туристичка, но и пред се природна локација. Алтернативни решенија се возможни, но потребна е поширока јавна дебата за и локалната и централната власт да воочат кои се опасностите Охрид да го изгуби статусот од УНЕСКО.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com