HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКалвин Харис повеќе нема да издава албуми?

Калвин Харис повеќе нема да издава албуми?

Странските медиуми пишуваат дека моментално најуспешниот ди-џеј на светот Калвин Харис, планира да прекине со објавувањето на албуми. Тоа не значи и негово одалечување од музиката, туку дека сака да се концентрира исклучиво на поединечни нумери кои би ги пласирал по пат стриминг сервиси.

32-Годишниот ди-џеј дебитираше во 2007 година со албумот „I Created Disco“, за потоа во 2009 година да го објави албумот „Ready for the Weekend“, потоа во 2012 го објави албумот „18 Months“ и албумот „Motion“ од 2014 година. Сега, Калвин Харис наместо албумот сака да ги искористи популарните стриминг сервиси и на тој начин да продолжи да објавува нови нумери.

„Албумите не се продаваат како некогаш и уметниците гледаат иднина во стримување на музика. Албумите одземаат многу време и ги ограничуваат уметниците кои, поради недостаток на време, не можат постојатно да бидат присутни на топ-листите“, објаснува неименуван извор, додавајќи дека Калвин е еден од најстримуваните уметници на светот и дека би било логично тоа да го искористи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com